СЗО: Суспензијата на „АстраЗенека“ покажува дека системот функционира

од Vladimir Zorba
168 прегледи

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, денес изјави дека системите за јавно здравје функционираат затоа што неколку земји ја суспендираа употребата на вакцината на „АстраЗенека“ за да се испитаат можните несакани ефекти.

„Не мора да значи дека овие настани се поврзани со вакцинација против Ковид-19, но вообичаена практика е да се испитаат и тоа покажува дека системот за надзор функционира и дека има ефективни контроли“, рече Тедрос за време на брифинг на Интернет, пренесе Ројтерс .

Советодавниот одбор на СЗО планира да се состане утре за да разговара за вакцината, која денеска беше привремено прекината од Германија, Франција, Италија, Шпанија, Словенија и други земји, откако некои од нив пријавија сериозни здравствени проблеми и смрт кај некои пациенти кои примиле вакцина.

Слични содржини