203
Светот можеби никогаш нема да го пронајде „нулта пациентот“ во потрагата по потеклото на Ковид-19, изјави денес Марија Ван Керхове, техничката шефица на Светската здравствена организација за оваа болест.
Тимот на СЗО што го истражува потеклото на Ковид-19 треба да одржи виртуелни состаноци со своите кинески домаќини во Вухан, каде што првпат се појави пандемијата пред повеќе од една година, пренесува Ројтерс.