252
Варијантата на коронавирус, за којашто виетнамските власти тврдат дека е комбинација од индискиот и британскиот вид, не е нов хибрид, туку дел од постојниот индиски вид, изјави денеска претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) во Виетнам.
„Во моментов нема нова хибридна варијанта во Виетнам заснована на дефиницијата на СЗО“, рече претставникот на СЗО Кидонг Парк во онлајн интервју за весникот „Никеи“.
Тој додаде дека оваа варијанта на коронавирусот е дел од варијацијата што потекнува од Индија.