СЗО: Во Авганистан има недостаток од медицинска опрема

од Nikola Popovski
156 прегледи

Висок функционер на Светската здравствена организација, д -р Рик Бренан, кој е задолжен за источниот Медитеран, вклучително и Авганистан, изјави денеска дека СЗО е при крај на медицинските залихи во Авганистан и сака да им помогне да достават материјали со помош на 10 до 12 авиони.

Бренан, кој е во Каиро, рече дека агенцијата во Обединетите нации преговара со САД и другите земји за да им помогне да го надополнат медицинската опрема.

„Претпоставуваме дека имаме залихи за само неколку дена. Имаме 500 тони подготвени да испратиме од дистрибутивниот центар во Дубаи, но во моментов немаме начин како да ги доставиме во Авганистан“, рече Бренан.

Бренан изјави дека САД и други земји ги охрабриле СЗО и партнерите да бараат некои други аеродроми надвор од Кабул, каде што деновиве има голема гужва околу аеродромот поради луѓе кои сакаат да го напуштат Авганистан.

Медицинската опрема, исто така, вклучува прибор за итна помош, како и основни лекови за хронични заболувања, како што е дијабетес.

Photo Credit: Rumi Consultancy/ World Bank

Слични содржини