300
Со оглед на тоа што вирусот омикрон се шири во Европа, земјите треба да го забрзаат прифаќањето на вакцините и да ги вратат мерките како носење маски за да избегнат построги ограничувања како што се приближуваат есента и зимата, предупреди денеска Светската здравствена организација.
Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, во интервју за Ројтерс ги повика земјите да преземат итни мерки за да избегнат преоптоварување на здравствените системи бидејќи супстранот омикрон, БА.5, продолжува да се шири.