Тимот на Светската здравствена организација, кој е во посета на Кина за да го истражи потеклото на коронавирусот, води продуктивни разговори со кинеските колеги, изјави денес Марија Ван Керхове од СЗО.
„Тие водат многу продуктивни разговори со своите кинески колеги, посетувајќи разни болници“, рече таа на виртуелниот брифинг во Женева, пренесува „Ројтерс“.
Таа исто така изјави дека посетата на пазарот поминала „многу добро“.
ВАКЦИНИ ОД ПРОГРАМАТА КОВАКС ИСПРАТЕНИ ВО 190 ЗЕМЈИ
Вакцините од програмата КОВАКС на Светската здравствена организација (СЗО) беа испратени минатиот викенд во значителен број во 190 земји низ светот, објави денес Брус Ајлвард, висок советник во СЗО.
Маријангела Симао, помошник на генералниот директор на СЗО, изјави дека очекува производителите на вакцини да ги достават своите проекции за бројот на вакцини што ќе бидат достапни во февруари и март, пренесува Ројтерс.
Таа за време на видео состанокот во Женева рече дека крајните количини сепак можат да бидат помалку од очекуваните, поради неодамнешното намалување на производството.