СЗО загрижена: Богатите земји складираат се повеќе вакцини поради сојот омикрон

од Nikola Popovski
200 прегледи

Светската здравствена организација (СЗО) денеска изрази загриженост дека богатите земји, во страв од новиот сој омикрон, би можеле да ја зголемат акумулацијата на дозите на вакцини и со тоа повторно да ги намалат глобалните залихи.

По состанокот на членовите на експертското тело за вакцинација на СЗО, агенцијата на ОН повторно ги советуваше владите да не даваат масовно таканаречени „бустер“ дози на вакцини, туку да ги испраќаат во сиромашните земји во кои главно недостасуваат.

Шефот на Одделот за имунизација, вакцини и биолошки препарати на СЗО, Кејт О’Брајан, изјави дека заразата Ковид-19 ќе биде запрена со вакцинација, особено на сите оние кои припаѓаат на ризичните групи.

Таа рече дека во моментот на појавата на новиот сој омикрон, постои ризик повеќето вакцини повторно да завршат во богатите земји.

„ Тоа нема да даде резултати ниту од епидемиолошка перспектива ниту од перспектива на пренесување на вирусот, ако вакцините не пристигнат во сите земји“, рече О’Брајан.

Месечниот недостиг на вакцини против коронавирус почна да се намалува во последните два месеци, а дозите конечно стигнуваат до земјите на кои им е најпотребна, преку донации и програмата Ковакс поддржана од ОН.

СЗО, која сака трендот да се одржи, долго време ја осудува нееднаквата дистрибуција на вакцини, како резултат на што повеќето дози се давани на луѓето во богатите земји, чии лидери натрупале големи мерки на претпазливост.

Слични содржини