Светската здравствена организација (СЗО) е загрижена за ширењето на коронавирусот во Авганистан, бидејќи потресот предизвикан од офанзивата на Талибанците и нивното преземање ја забави вакцинацијата.
„Бидејќи ситуацијата во Авганистан продолжува брзо да се влошува, СЗО е крајно загрижена за развојот на безбедносните и хуманитарните потреби во земјата, вклучувајќи го и ризикот од појава на болести и зголемен пренос на вирусот Ковид-19“, рече портпаролот Тарик Јашаревиќ на брифинг во Обединетите нации, пренесе „Ројтерс“.
Тој потврди дека мобилните здравствени тимови на СЗО биле во главниот град Кабул во изминатите 24 часа поради несигурност и непредвидлива ситуација, и дека хаосот на аеродромот во Кабул, каде илјадници луѓе се обидувале да избегаат од Талибанците, го забави медицинското снабдување , влошувајќи го постоечкиот недостаток, пренесува „Танјуг“.