Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека започнува со нов механизам за дистрибуција на вакцини, со цел да се запре ширењето на мајмунските сипаници во 30 земји надвор од Африка.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека организацијата работи на иницијатива за „фер пристап“ до вакцини и лекови против мајмунски сипаници.
Механизмот беше предложен веднаш откако Обединетото Кралство, Канада, Франција, Германија, Соединетите Држави и други земји објавија стотици случаи на вирусот на мајмунска сипаница минатиот месец.
Се смета дека вакцините против крупните сипаници, кои се предизвикани од сличен вирус, обезбедуваат ефикасна заштита од мајмунски сипаници во 85 проценти од случаите.
Директорот на СЗО за Европа Ханс Клуге денеска изјави дека е загрижен поради потезите на некои богати земји да купат повеќе вакцини без да се консултираат со африканските земји.
Клуге ги повика државите „да им пристапат на мајмунските сипаници без да ги повторат пандемските грешки“ на коронавирусот.