СЗО: Здравствениот систем во Појасот Газа „на точка на кршење“

од Stefanija Kuzmanovska
173 прегледи

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека здравствениот систем во Појасот Газа е „на точка на кршење“ поради постојаните воздушни напади на израелските одбранбени сили (ИДФ).

„Времето истекува за да се спречи хуманитарна катастрофа доколку не може итно да се достави гориво и хуманитарна помош во Појасот Газа поради целосната блокада“, се вели во соопштението на СЗО, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Се додава дека болниците имаат струја само неколку часа на ден и дека се принудени да се потпираат на генератори за одржување на најважните функции.

Слични содржини