Табела која ќе ви помогне да изгубите тежина со помош на вода

од Stefanija Kuzmanovska

Кога сакате да изгубите тежина, препораката за дневно внесување вода не е универзална. Во зависност од вашата килажа ќе утврдите што е доволно за вас.

Секоја диета и начин на слабеење подразбира и пиење доволни количини вода, а според општата пресметка, препорачаниот дневен внес на вода е два литра, или осум чаши вода.

Меѓутоа, ако сакате да ги зголемите вашите шанси за слабеење и успех во диетата и да извлечете максимум од водата, мора да ја земете предвид телесната тежина, односно килограмите, и да одредите точно колку вода мора да пиете, пишува „Дневник.хр“.

Еве колку вода му треба на вашето тело дневно за да ослабете врз основа на вашата телесна тежина:

60 килограми – 2 литри вода (5-6 пати по 3,5 dcl)

65 килограми – 2,1 литри вода (околу 6 пати по 3,5 dcl)

70 килограми – 2,3 литри вода (околу 6 пати по 3,5 dcl)

75 килограми – 2,5 литри вода (околу 7 пати по 3,5 dcl)

80 килограми – 2,6 литри вода (околу 7 пати по 3,5 dcl)

85 килограми – 2,8 литри вода (околу 8 пати по 3,5 dcl)

90 килограми – 3 литри вода (околу 8 пати по 3,5 dcl)

95 килограми – 3,2 литри вода (околу 9 пати по 3,5 dcl)

100 килограми – 3,3 литри вода (околу 9 пати по 3,5 dcl)

105 килограми – 3,4 литри вода (околу 9 пати по 3,5 dcl)

110 килограми – 3,6 литри вода (околу 9 пати по 3,5 dcl)

115 и повеќе килограми – 3,7 л вода (10-11 пати по 3,5 dcl).

Слични содржини