Тачи: Ахмети го моли Мицкоски за да влезе во Влада, треба да се повлече од политиката

„Ахмети е ракот на албанската политика во Македонија“, порачал претседателот на ДПА

од Nikola Popovski
13 прегледи Фото: Фејсбук

Лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, оддал почит на гробот на Арбен Џафери, сеќавајќи се на поранешниот лидер на партијата на неговиот 78-ми роденден, пренесуваат дел од медиумите на албански јазик во земјава.

Тачи порачал дека Џафери оставил неизбришлив белег во политиката во Македонија и пошироко, и дека неговата политика е водич што треба да го следат Албанците.

Тачи, исто така, ја коментирал за поканата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за обединување на албанските партии во Националната алијанса за интеграција (НАИ).

„Шокиран сум од политичката проституција на Али Ахмети, тој се обидува да го натера Христијан Мицкоски да го земе во Владата. Ахмети е ракот на албанската политика во Македонија, сега со Зијадин и Таравари. Овој врескач, оваа лисица на која ѝ гори опашката и чие име е Али Ахмети, мора да поднесе оставка од политиката“, остро реагирал претседателот на ДПА.

Тој изјавил дека повеќе нема надеж за ДУИ, и покрај желбата наАхмети за предвремени парламентарни избори.

„Нема избори. Али лаже.“ „Никој ништо не му ветил, тој мисли дека ќе има надеж за ДУИ, но повеќе нема надеж“, порачал Тачи.