Тачи: Ако ја напуштиме масата за дијалог, С. Македонија ќе биде дестабилизирана

од Nikola Popovski
229 прегледи

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи смета дека доколку коалицијата „Европски фронт“ ја напушти масата за дијалог, Северна Македонија ќе биде дестабилизирана.

Тој истакнал и дека другите не можат да се потсмеваат на здружената коалиција предводена од ДУИ.

„Патот може да биде различен. Сепак, нашето заминување значи и напуштање на одговорноста. ВЛЕН да не мисли дека во разговорите ќе можат да се потсмеваат на Фронтот или на лидерот на дијалогот кај Фронтот. Во моментот кога ќе ја напуштиме масата на преговори и дијалог, Северна Македонија е на работ на политичка и етничка дестабилизација“, рекол Тачи во гостување на емисијата на косовската телевизија „Т7“.

„Сепак, не можеме да станеме дел од бескраен и бесплоден дијалог“, додал првиот човек на ДПА.

Слични содржини