Тачи: Албанците во Македонија не треба да се надеваат на владите на Косово и Албанија

Тачи смета дека двете влади сакаат да помогнат, но немаат моќ да направат ништо повеќе

од Nikola Popovski
126 прегледи

Лидерот на Демократската партија на Албанцитe, Мендух Тачи синоќа изјавил дека Албанците во земјава не треба да се надеваат на Владата на Косово и на Владата на Албанија.

Тој рече дека двете влади сакаат да помогнат, но немаат моќ да направат ништо повеќе.

„Албанците од Македонија не треба да се надеваат на Владата на Косово и на Албанија, тоа е реалноста. Дали Владата на Косово сака, тие сакаат, но немаат средства, дали Владата на Албанија сака – тие сакаат, но немаат средства. Бидејќи во нивниот Устав пишува: „Премиерот се грижи за државата“. Им реков на Албанците од Македонија, немојте да се залажувате дека Еди Рама и Албин Курти воопшто не се грижат за вас. Тие немаат време ниту средства туку само прават филмови“, рекол Тачи во интервју за косовската „Tëvë1“.

Тачи говорел и за локалните избори и дека главната битка се водела меѓу лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети и Изет Меџити од ВЛЕН. Тој потенцирал дека Меџити ја добил оваа битка. Тачи исто така обвинил дека Ахмети е виновен за поттикнување тензии во кампањата.