Тачи: Белград и Приштина се договорија да продолжат со дијалогот

од desk2
97 прегледи

 

Хашим Тачи тврди дека Белград и Приштина се согласиле дијалогот за нормализација на односите да продолжи што поскоро, под закрила на шефицата на дипломатијата на ЕУ.

КОсовскиот претседател во интервју за австриската агенција АПА рече дека Белград и Приштина се согласуваат дека дијалогот нема алтернатива.

Оцени дека процесот на дијалог ќе биде мнногу тежок и исцрпувачки, за двете страни, но дека ќе доведе до завршување на воковен конфликт.

Тачи вели дека дијалогот меѓу Белград и Приштина не е многу популарен во Косово, и дека не може да и присили луѓето да се сакаат едни со други, но дека до „дијалогот може да се постави темел за добри соседски односи“.