Тачи: Да ги разбереме јасните пораки на меѓ. заедница, дека треба да се исполнат условите

од desk3
165 прегледи

Демократската партија на Албанците останува на ставот дека исполнувањето на условите е поважно отколку датумот на изборите-пренесе ТВ Алсат. Од оваа партија не сакаа да дополнително да дадат коментар околу последните настани, вклучувајќи го и бојкотот на македонската опозиција, но истакнаа дека за нив важи изјавата која Мендух Тачи ја даде пред неколку дена, дека изборите мора да бидат демократски и доверливи.

taci1
ДПА останува на иста линија со меѓународната заедница, која ја сметаат за гарант за правилни и демократски избори.

Грујовски контролирал следење на СЈО од агенти на УБК или приватно ангажирани лица

„Важно е дека треба да ги разбереме јасните пораки на Меѓународната заедница, дека треба да се исполнат условите, независно за кој датум зборуваме и сите треба да мислиме на оценката која треба да се даде на тие избори“, рече претседателот на ДПА, Мендух Тачи.