Лидерот на ДПА и пратеник Мендух Тачи смета дека формулацијата од „20%“ за Албанците треба да се промени и дека е „навредлива“.
-Треба да дојде до помирување помеѓу двете најголеми заедници во државата, Македонците и Албанците. Иако претходно се говореше дека Албанците се под 25%, сега со резултатите се покажа спротивното и тоа е факт. Формулацијата од „20%“ е навредлива, затоа што Албанците не се бројка или процент, тие се народ, рече Тачи во емисијата „Клик плус“.
Според него, вината за малиот број попишани Бугари е кај соседна Бугарија.
-Се велеше дека сите кои поседуваат бугарски пасоши се Бугари и очекуваа сите да се попишат како такви. За тоа е виновна само Бугарија, затоа што како велат тие „сите се Блгари“, а тоа создаде чувство и тие што можеби се Бугари или се чувствуваат како такви да не се попишат како Бугари, појасни Тачи во гостувањето.