Тачи: Јас сум шампион на прислушување од поранешните влади

од Nikola Popovski
338 прегледи

„Јас никогаш нема да се сложам дека тие прислушувани разговори се 100% точни“, изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи за емисијата „Клик плус“, на прашањето што мисли за прислушуваните разговори кои ги објави тогашната опозициска СДСМ.

Според него, тогашната власт прислушувала, како што прислушувале и поранешните влади.

„Вие знаете дека јас сум шампион во прислушување од таа власт, но и од поранешните влади. Мислам дека тоа ќе биде памет за другите, кога ќе сметаат да раководат со такви инситуции, да не ги злоупотребуваат. Тој што ќе се дрзне ова да го повтори, мора малку да мисли дека кога-тогаш може да одговора“, истакна Тачи.

Слични содржини