Тачи: Мешањето на Курти во изборите во Македонија го загрозува Косово

од Nikola Popovski
202 прегледи

Лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи смета дека мешањето на косовскиот премиер Албин Курти во изборниот процес во земјава, го загрозува Косово.

Тачи посочува дека поддршката на Курти на некоја политичка партија може да заврши со загрозување на самиот него и премиерската функција, како и неговата партија Самоопределување.

„Вие (Курти) го доведувате Косово во опасност со оваа политичка семантика која ви дава до знаење дека можете да поддржите одредена политичка партија. Курти во иднина ќе ја ризикува и својата позиција и Самоопределување“, рекол Тачи во интервју за приштинска „Teve1“.

Тој додал дека неколку работи не се јасни или транспарентни во поглед на постапките на Курти.

„На пример, едно прашање останува неодговорено, како Самоопределување може да се сретне со македонската владеачка партија СДСМ среде Приштина и да создаде многу позитивни односи, а не со албанската партија (ДУИ) која е апсолутно мнозинство во албанската политичка нација, барем во бројките што имавме можност да ги видиме досега“, рекол Тачи, пренесува „Kosovo onlinе“.

Лидерот на ДПА посочил дека вклучувањето на косовските институции во изборите во Македонија е опасно и негативно за државата и за самите граѓани.

Слични содржини