494
Ќе им дадеме предвремени избори, но треба да ни дадат аргументи зошто ги бараат тие избори, вели лидерот на ДПА, Мендух Тачи за Утрински брифинг во врска со опозицијата која најавува митинг в сабота со барање за предвремени избори.
Тој вели дека дека опозицијата всушност не победи на локалните избори и дека таа изјава не им е адут за барање предвремени избори.
-Јас не сум за директен судир со опозицијата. Би им советувал на нашите коалициски партнери во владата да понудат предвремени избори, но опозицијата прво мора да ни одговори што ќе стори за клучните проблеми од кои едниот е блокадата на евроитеграцискиот процес, вели Тачи.