Тачи: На пописот Бугарите ќе бидат трети

од Берта Китинска
428 прегледи

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 ги спомена и резултатите од пописот.

Според негово мислење Бугарите ќе бидат трет народ во Северна Македонија по Македонците и Албанците.

Запраша за тоа што доколку се променела власта во државава пред 2 месеци, каков би бил ставот на таа Влада за рускиот напад на Украина.

„Се најавуваше ново мнозинство од 61 пратеник пред два месеца. Замислете каков став ќе имавме сега по руското прашање. Една Влада со Мицкоски, со Таравари, а Левица? Каков став спрема руското прашање ќе имавме знаејќи ги јавните ставови на овие политички фигури“, додаде Тачи.

Тој вели дека тие албански политичари кои најавуваа 61 пратеник денеска треба да одговорат, каков став ќе имаа со Левица до нив.

Слични содржини