Лидерот на ДПА Мендух Тачи не е задоволен од текот на преговорите на четирите партии и вели дека е можно повлекување од преговарачката маса на ДПА.

“Да беше прифатен нашиот предлог даден на почетокот за организирање на Попис на населението со цел да се добие веродостоен Избирачки список, до оваа ситуација немаше да дојде. Многу сме блиску да донесеме одлука да го напуштиме политичкиот дијалог и да им кажеме на луѓето јавно, особено на Албанците, дека овде ништо не се расправа за нивните права и за напредокот и подобрувањето на нивниот живот. Човечки е некој да ве убеди, да ве натера да потпишете нешто, но многу покоректно и почовечки е да признаете дека сте погрешиле. Многу е блиску времето кога јас јавно ќе кажам дека погрешив со тоа што го ставив потписот на договорот од Пржино, бидејќи ништо од тоа што се надевавме дека ќе се исполни не се исполни“, рече Тачи