Косовскиот претседател Хашим Тачи вели дека нема да има поделба на Косово, но дека ќе има корекции на границата со Централна Србија.

На конференцијата за новинари во Приштина Тачи рече дека имало корекции на границата и со Македонија и со црна Гора.
На прашање од новинарите што според него значи ставање на прашањето за Прешевксата долина на преговарачка маса во Брисел, Тачи рече дека верува оти тоа е прилагодување на границите меѓу Косово и Србија, по обострано признавање.
„Ќе имаме корекција на границата. Како што правевме и со сите земји од регионот и успеавме во разграничувањето во спогодбите со Црна Гора и со Македонија, Во случај на взаемно признавање на овие две земји, ќе имаме државни граници, имаме околу 400 километри гранична линија со Србија“, рече Тачи, убеден дека НАТо ќе му помогне на Косово во тој поглед.
Додаде дека за поделба на Косово никогаш не се разговарало, нарекувајќи ги тие лажни вести.