Тачи: Нема услови за фер и демократски избори на 5 јуни

од desk3
126 прегледи

Лидерот на ДПА Мендух Тачи денеска по разговорите со амбасадорите од Европската унија изјави дека не гледа политичка волја на 5 јуни да имаме фер и демократски избори и дека многу работи се збунувачки со ДИК

taci1
“Нешто се случува таму што нема врска со правни работи и со коректни избори. Која е бројката? Двесте и триесет илјади ли била или, ми велат дека погрешна била формулата, се работело за 23 илјади? Нема сериозност. За да се дојде до чист Избирачки список треба да имаме чист Попис. Кај нас Албанците имаме проблем, зашто „Он“ со лопата ги полни кутиите, не се софистицирани манипулациите.

Власта одбива разговори со новинарските организации

Ако кажам дека не е проблем Избирачкиот список, ќе излезе дека некого штитам, но, проблем е Избирачкиот список, проблем е политичката клима, проблем се шиканирањата, употребата на администрацијата, давањето пари, кллиентелата…”- посочи Тачи.