Тачи од Куманово ги повика граѓаните да излезат да гласаат

од Vladimir Zorba
91 прегледи

dpa_2016112522186

Демократската партија на Албанците вечерва одржа митинг во Куманово. Лидерот на партијата Мендух Тачи ја презентираше изборната програма, како и кандидатите за пратеници од втората изборна единица и носителот на изборната листа, Орхан Ибрахими.

Ибрахими во својот говор го презентираше дел од проектите со кои, како што рече, ќе се подобри животот на граѓаните.

Тачи на крајот од митингот ги повика граѓаните да излезат и да гласаат затоа што тие се оние кои можат да ја сменат ситуацијата во државата.