Тачи: Протоколот за Македонија во НАТО носи мир, стабилност и безбедност во регионот

од desk2
85 прегледи

Претседателот на Косово Хашим Тачи го поздрави вчерашното потпишување на Протоколот за пристапување на Македонија кон НАТО, оценувајќи го како „победа на западните вредности и напредок на регионот кон евроатланските интеграции“, јави дописникот на МИА од Приштина.

 

Постигнувањето сеопфатен договор меѓу Косово и Србија, напиша денеска Тачи на својот Фејсбук, „ќе биде следниот чекор кон затворањето на конфлитките во регионот“.

– Му честитам на целиот политички спектар во Северна Македонија за ова постигнување, кое несомнено ќе донесе повеќе мир, стабилност и безбедност во нашиот регион. Додека, пак, сеопфатниот договор меѓу Косово и Србија ќе биде следниот чекор кон затворањето на конфлитките во регионот и отворањето на патот кон зачленувањето (на Косово) во Обединетите нации, НАТО и Европската унија, порача Тачи.