Тачи: Русија подготвува црно сценарио, постои сериозна закана

од Nikola Popovski
400 прегледи

Имаме 61 пратеник, но со 61 е опасно да се води државата, вели лидерот на ДПА и пратеник во Собранието, Мендух Тачи во емисијата „Клик плус“.

Според него, премиерот Зоран Заев во моментов треба да направи сериозни напори за да разговара со претставници на БЕСА и Алтернатива, за да се зголеми мнозинството.

-Никој не може да ме убеди дека и Русија нема влијание тука. Ова е сериозна закана за државата. Исто така убеден сум дека сега Мицкоски не сака да биде премиер. Тој калкулира, смета Тачи.

За Тачи, оставката на премиерот Заев е „несериозна работа“.

-Заев е лидер кој покажа дека може да ги води процесите напред. Треба силна влада, затоа што се подготвуваат црни сценарија, изјави лидерот на ДПА.

Слични содржини