Тачи: Со Ахмети сметаме дека Беса треба да биде надвор од Влада, Алтернатива во Влада

од Берта Китинска
544 прегледи

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 го коментираше и договорот постигнат со лидерот на ДУИ, Али Ахмети на саботната средба.

Тој вели дека има долгорочни договори со ДУИ, вклучително и отстранување на Беса од Владата и негова замена со Алтернатива.

Тачи најави крупни промени во структурата на албанскиот политички блок во земјава, која според него ќе се случи веднаш по изборите.

„Во последните пет години, многу се инвестираше во Македонија и тие нема да дозволат оваа влада да падне толку лесно. Ќе видите во понеделник – Беса ќе се спои со СДСМ, Алтернатива ќе стане дел од ДУИ, а Алијанса од ДПА,“ изјави тој.

Слични содржини