601
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи во изјава за „Слободен печат“ во однос на вчерашните случувања за новото парламентарно мнозинство кажа дека е еден голем театар, на тие што не можат да ги предводат политичките процеси во државата.
-Ова е уште еден голем театар на тие што реално немаат моќ да ги предводат политичките процеси во државава. Вчерашните актери што ги видовме на фотографијата со Мицкоски само му ги местат коцките на Заев. Можеби несвесно, но му прават платформа за негов камбек. Следната влада ќе биде на чело со Заев. Јас не познавам друг човек во СДСМ со поголеми капацитети од Заев, изјави Тачи за „Слободен печат“.