Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, денеска изјави дека ништо драматично нема да се случи по најавената оставка на премиерот Зоран Заев.
– Ништо посебно, не гледам никаква причина нешто драматично да се случи. Сакаат да ја изместат темата. Беа локални избори. Ако сакаат да зборуваат за легитимитет на влада, оваа влада и на овие избори има легитимитет. Апсолутно има многу повеќе гласови од опозицијата. Мислам дека ништо драматично нема да се случи – рече Тачи пред Владата, каде замина на состанко на коалиционите партнери.
На прашањето дали ДПА останува дел од владејачката опозиција, Тачи кусо одговори: „Да“.
– Дали ќе се делиме на албанска опозиција, македонска опозиција или ќе останеме влада и опозиција?! Влада и опозиција на овие избори, разликата е преку 100.000 гласови, повеќе има владата. Ако сакаат да се делиме на такви начини, тогаш и гласовите ќе се делат на локални избори. Не сакаме веќе да се враќаме. Не очекувам ништо – додаде Тачи.