Тачи: ВМРО-ДПМНЕ ми понуди да бидам претседател на Собранието

од Nikola Popovski
620 прегледи

Лидерот на ДПА и пратеник Мендух Тачи синоќа изјави дека ВМРО-ДПМНЕ најпрвин му ја понудила функцијата претседател на Собранието и дека тој бил главен преговарач во разговорите меѓу Европскиот фронт со ВМРО-ДПМНЕ за евентуална коалициска Влада.

„Јас бев главен преговарач на Фронтот кога отидовме на разговори со ВМРО за оваа влада. Беа децидни дека не соработуваат со нас затоа што сакаат да ја унапредат својата антиалбанска политика, а тема на средбата беа уставните измени и евроинтеграциите. ВМРО ми понуди да станам претседател на парламентот. Тогаш на последната средба ми рекоа, можеш ли да се согласиш претседателот на парламентот да биде Македонец? Ја кажаа приказната и средбата заврши“, рекол Тачи во гостување на „Клан Македонија“.

Според него, актуелната Влада добила силен удар со фактот дека ЕУ планира да ја одвои Македонија од Албанија на патот кон интеграција во ЕУ.

„Оваа влада имаше негативен однос кон евроинтеграцискиот процес, па постапките на претходната влада со потпишување мировни договори и проевропски настроени ги поттикнаа Македонците да гласаат за поранешниот националистички менталитет. Тие се покажаа против Договорот од Преспа, против други мировни договори, но сега видовме дека за оваа влада, одвојувањето на Албанија од Македонија на патот кон ЕУ е најсилниот удар“, изјавил меѓу другото Тачи.

Слични содржини