Таџ Махал беше евакуиран поради дојава за бомба

од Vladimir Zorba
360 прегледи

Безбедносните сили утрово ги евакуираа туристите од Таџ Махал, најпознатиот споменик во Индија, откако непознато лице телефонски пријавило дека во мавзолејот е поставена бомба.

Специјалните полициски единици започнаа претрес на Таџ Махал, но експлозивот досега не е пронајден, пренесува Times of India.

Полицијата смета дека дојавата најверојатно е лажна, но преземени се сите мерки на претпазливост.

Портпарол на полицијата изјави дека е идентификувана локацијата од каде е направен извештајот.

Слични содржини