Тадиќ: Би било убаво по Роналдо, во Катар да го „утешиме“ и Меси

од Nikola Popovski
284 прегледи

Српскиот фудбалер Душан Тадиќ изјави дека не би било лошо по победата над Португалија , популарните „Орли“ да ја добијат Аргентина во групата на Мундијалот.

Тој не го криеше задоволството што се создаде нов израз за играта на Србија – пиксизам, според селекторот Драган Стојковиќ Пикси, а одговорил и на прашањето „дали би било добро играчите да го утешат Меси на СП по Роналдо?“.

-Би било убаво… Колку е поголем противникот, толку подобро. Сепак игравме со Бразилците на последното Светско првенство во Русија, но бевме поразени со 2:0, кратко прокоментира Тадиќ.

Капитенот на српската фудбалска репрезентација вели дека тимот бил добар пред три години, но напоменува дека сега е поофанзивен.

-Поинаку е, и во тоа време бевме феноменални како група и тим, сега сме поофанзивни. Најважно е да одиме на големи натпреварувања, одиме на втор последователен Мундијал, тоа мора да стане наш заштитен знак, заклучи Тадиќ.

Слични содржини