Српскиот фудбалер Душан Тадиќ се најде на мета на лутите навивачи на ПСВ по дербито во Ајндховен, кое Ајакс го одигра нерешено, 1:1.
Дерби натпреварот помеѓу Ајакс и ПСВ во Ајндховен одеше добро за домашниот тим се до 92-та минута, домашниот дефанзивец Дензил Дамфрис играше со рака во шеснаесетникот на домаќините, па што беше досуден пенал, кој Тадиќ го претвори во израмнување.
ПСВ ја пропушти можноста да му се доближи на големиот ривал, со само три бода заостанување на табелата, по што почнаа да попуштаат нервите.
Дамфрис го испровоцира Тадиќ пред изведувањето на пеналот, падна и пцуење, па не е изненадувачки што електрифицираната атмосфера од теренот се прелеа и надвор од стадионот.
Tadic gets a coin to his head from PSV fans after he called Dumfries' mom out 💀 pic.twitter.com/Fmmz9PLib3
— souf 🇲🇦 (@soufiane040_) February 28, 2021
После натпреварот, навивачите на домашниот тим го чекале Тадиќ да излезе, по што го навредувале и му се заканувале, а неколкумина се обиделе да ја прескокнат заштитната ограда.
Еден навивач го удрил српскиот репрезентативец со паричка во главата, па Тадиќ во придружба на клупското обезбедување побрзал кон автобусот.
Дамфрис по мечот изјави дека Тадиќ ја пцуел неговата мајка.
„Може да каже што сака, да ме нарекува со разни имиња, но не смее да ја спомнува мајка ми“, рече Дамфирс, кој го попречувал Тадиќ за време на изведувањето на пеналот.
Lots of heat between Dumfries & Tadic after the FT whistle, players had to get in between. All starting from the moment after Tadic started to celebrate in Dumfries face straight after converting the penalty. pic.twitter.com/DIYryONDhQ
— 𝐀𝐅𝐂 𝐀𝐉𝐀𝐗 💎 (@TheEuropeanLad) February 28, 2021