Тадиќ мета на разбојници во Амстердам, поминал со помали повреди

од Vladimir Zorba
153 прегледи

Капитенот на српската фудбалска репрезентација, Душан Тадиќ доживеал непријатност пред две недели пред неговата куќа во Амстердам, каде што бил мета на двајца разбојници кои се обиделе да го ограбат.

Инцидентот се случил во ноќта меѓу 27 и 28 јули, но холандските медиуми дури денеска ја објавија оваа информација.

Како што пренесува „De Telegraaf“, двајца вооружени лица го чекале Тадиќ пред неговиот дом во главниот град на Холандија, најверојатно со намера да му го украдат часовникот.

Го чекале на улицата „Ван Егенстраат“ кога излегол од автомобилот.

Капитенот на Србија потоа се обидел да побегне и по кратка потера дошло до конфликт. Фудбалерот успеал да му ја отвори кацигата на еден од двајцата разбојници и во таа прилика му удри шлаканица.

Поради тој потег Тадиќ се здобил со полесни повреди на раката и си ја искинал облеката.

После тоа Душан влегол во блискиот ресторан, а разбојниците побегнале со скутер.

Денови пред обидот за грабеж, Србинот веќе бил на штрек, бидејќи двајца мажи со кациги веќе тропале на вратата од неговата куќа и се преправале дека се доставувачи на пица.

Во таа прилика Тадиќ не бил дома, а неговата сопруга се посомневала и не ја отворила вратата.

Се претпоставува дека се работи за грабеж во обид или претходна подготовка на акцијата. Но, за да спречи уште еден таков случај, Тадиќ презел дополнителни безбедносни мерки, тврди холандскиот весник.

Слични содржини