Тага и солзи по Коби пред Стејплс, додека во арената се одржуваа Греми наградите

од Elena Daskalova
357 прегледи

Стејплс-центарот во Лос Анџелес е повеќенаменска арена со неколку објекти, која беше официјален дом на повеќе спортски екипи, меѓу кои секако, Лос Анџелес Лејкерс, каде трагично починатиот Коби Брајант го носеше дресот со број 24.

Сношти во Стејплс-центарот се одржуваа и Греми наградите. Кога ужасната вест одекна во јавноста, од организаторите на Греми беше објавен апел фановите да не се собираат пред Стејплс, за да може церемонијата да се одвива непречено. Секако, наидоа на остри реакции од јавноста.

Тоа не ги спречи растревожените и тажни фанови на кошаркарската легенда да се соберат пред домот на Лејкерси и да оддадат почит на омилениот играч.

Како што се собираа присутните, така над секцијата 307 од трибините беа откриени дресовите на Коби кои тој ги носеше во Лејкерси, најпрво со бројот 8, а потоа со бројот 24.

Греми наградите се отворија со трибјут во негова чест, од страна на Лизо, Алиша Кис и Boyz II Men. Заедно со Коби загина и неговата ќерка Џана, како и сите останати патници кои биле во хеликоптерот.

Слични содржини