Легендарниот напаѓач на Баерн Минхен, Герд Милер почина на 76 -годишна возраст, објави баварскиот клуб.
Милер скоро четири децении беше најдобриот стрелец на германската репрезентација, додека на вечната листа не го престигна Мирослав Клосе.
Неговата репрезентативна кариера траеше само осум години и тоа беше доволно за да ја напише историјата на оваа селекција.
Ако на тоа се додаде дека ја затресе мрежата 365 пати за Баерн на 427 натпревари во Бундеслигата, дека постигна вкупно 56 гола во европските купови во текот на сезоната кога клубовите имаа многу помалку испити и дека беше најдобар стрелец во Бундеслигата седум пати, тогаш е јасно дека тој е голгетер роден еднаш во сто години, пренесе „Република.рс“.