Тага во Ниш: Почина Србинката која беше застрелана од македонски државјанин

од Nikola Popovski
377 прегледи

Српската државјанка В.Ј. (30) од Трстеник, која беше тешко повредена од огнено оружје кај Прешево кога по расправија во автомобил беше застрелана од македонски државјанин кој потоа се самоуби, им подлегнала на повредите во Универзитетскиот медицински центар Ниш.

Таа беше ранета во ноќта меѓу 7 и 8 март, а вчера им подлегнала на повредите, по точно еден месец борба за живот. Лекарите од Ниш сториле се за да и го спасат животот, но тешките повреди биле фатални, пренесуваат српските медиуми.

„Пациентката В.Ј. (30), која поради прострелни рани на 8 март од ЗЦ Врање била донесена во УЗ УКЦ Ниш, а по операцијата била хоспитализирана на Клиниката за анестезија и покрај сите напори на лекарите од Универзитетскиот клинички центар Ниш, вчера им подлегнала на повредите“, потврдено е од Универзитетскиот медицински центар Ниш.

За потсетување, мажот (52) кој пукал во неа е македонски државјанин од албанска националност од Тетово. Тој прво со огнено оружје ја ранил жената, а потоа се застрелал. Им подлегнал на повредите, а на пукањето и претходела расправија. Мотивите на убиството и самоубиството се уште не се познати, пишуваат српските медиуми.

Слични содржини