Tages-Anzeiger: Русија не ги измести САД од Блискиот Исток, но ја порази нивната хегемонија

од desk2
78 прегледи

Се очекува старите сојузи во регионот да отстапат место на тактички сојузници.


Откако “Адмирал Кузнецов” ја исполни својата мисија во Сирија и тргна кон Северното Море, бродот влегол неколку часа во либиското пристаниште Тобрук. Таму меѓу генералот и либиски лидер Калифа Хафтар и рускиот министер Сергеј Шојгу е остварена видеоконференција, тврди новинарот од Tages-Anzeiger Паул-Антон Кругер.
На официјалната верзија Шојгу и Хафтар разговарале за соработката во борбата против тероризмот. “Блиски до Владата извори” тврдат дека всушност се дискутирало за плановите на Москва во врска со враќањето на РФ во арапскиот свет и на Блискиот Исток, како и создавање на две бази во Тобрук и Бенгази.

“Русија не може целосно да ја измести САД од Блискиот Исток: за тоа таа е премногу слаба на економски и воен план – смета Кругер. – Интервенцијата на Русија во Сирија ја скрши доминацијата на САД во овој регион. ”

Според авторот, многу земји настојуваатстарите сојузи во Блискоисточниот регион постепено да им го отстапат место на тактички Алијанси при што ќе биде создаден “многуполарен ред”. Како нпример служи искуството на Москва да ја решии сириската криза заедно со Турција. Путин, исто така, постигна добри односи со “традиционалниот сојузник на САД” – Египет.

Заедно со Русија водечка држава во Сирија стана Турција, сепак во останатото таа е ослабена. “Економските и внатрешните проблеми се уште не им даваат на трите земји да создадат во овој регион нови, јасни структури на управување” – резимира во Tages-Anzeiger Паул-Антон Кругер.