Тахири: Децата на тенката линија меѓу солидарноста и стигматизацијата во медиумите и општеството

од Vladimir Zorba

Пред неколку дена вомедиумите се објави вест дека во Скопје,  две девојчиња  на возраст од 12 и 15 години исчезнале, односно 15-годишното девојче го извадило 12-годишното девојче од час и заминае во непознат правец. Првиот аларм, според социјалните мрежи, а потоа и медиумите, дојде од таткото на 12-годишното девојче.

За поздравување е безрезервната солидарност на граѓаните кои без размислување го споделија на социјалните мрежи повикот на таткото на едното од девојчињата.  Ден потоа од навивачката група „Шверцери“ упатија повик до сите членови,  да ги бараат девојчињата во текот на ноќта.  Но, како што обично бива кај нас, и покрај искрената и безрезервна солидарност, остана горчливиот вкус од насловите и содржините на одредени медиуми, поточно на порталот „Pa Censure“ (Без Цензура), каде читателите, во потрага по информации за случајот, имаа можност да прочитаат текст со многу интимни (дез) информации за двете девојки, со предрасуди, клевети и  информирање надвор од секаква човечка етика и, конечно надвор од новинарската етика. По многубројните реакции, дотичниот портал го отстранил текстот, но благодарение на брзите реакции – остана трага од скриншот од објавата.Текстот  од објавата  во продолжение  е ископиран и преведен од скриншотот.

Целата анализа на следниот линк!

Слични содржини