Тахири: Се надеваме дека нема да има нови санкции за Косово до парламентарните избори на 9 февруари

од Илинка Илиоска
6 прегледи

Шефот на пратеничката група на најголемата опозициска партија во кссовското Собрание, Демократската партија на Косово (ПДК), Абељард Тахири изјави дека се надева оти санкциите што западните сојузници ги воведоа кон Косово нема да бидат зголемени за време на владеењето на актуелната влада, предводена од Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во неговото обраќање пред медиумите по денешната седницата на Претседателството на Собранието, Тахири рече дека посакува санкциите да не се зголемуваат до 9 февруари, бидејќи, според него, „по овој датум некој друг ќе биде на чело на извршната власт“.

Тој додаде дека, и по една година од нападот на српска терористичка група во Бањска во северно Косово, државата продолжува да биде изолирано, додека Србија нема добиено никаква казна поврзана со случајот во кој беше убиен припадник на косовската полиција.

„Утре се навршува една година од нападот во Бањска, каде го загубивме нашиот херој Африм Буњаку. За жал, нашата земја една година продолжува да биде изолирана, продолжува да биде под санкции, а од друга страна Србија не доби ниту една казна во врска со овој напад. За жал, продолжуваме да ги имаме истите мерки на сила. Штетите за Косово продолжуваат да бидат големи, а Србија продолжува да се амнестира. Се молиме овие санкции да не бидат зголемени од нашите сојузници до 9 февруари“, рече Тахири.

Слични содржини