Таировиќ на удар на Македонците откако испеа „нема поубаво девојче од Бугарче“

од Vladimir Zorba

Пејачката од БиХ, Теа Таировиќ доживеа голема непријатност откако до неа стигнуваат бројни закани од Македонија поради песната „Македонско девојче“.

Теа, иако се чини без никаква зла намера, го подгреа долгогодишниот конфликт меѓу Бугарите и Македонците и само затоа што додека ја пеела песната „Македонско девојче“ на едно девојче наместо „Македонско“ и пеела „Бугарско девојче“, што предизвика дополнителен хаос меѓу двата народи.

Самата Теа во оваа прилика се огласи на својот Инстаграм и објасни што се случило за време на настапот во еден бугарски клуб.

– Драги мои … таа прекрасна песна ја пеев три минути и без зла намера им го испеав последниот стих на девојките од публиката (не сум ни информиран кој со кого има проблем и како може да се протолкува, го немав тоа ни во мојот мал мозок). Тој што го пресекол видеото нека го објави целото видео ако може. Еве јас ги сакам и Македонците и Бугарите и да ве има милијарда! напиша Теа на својот Инстаграм по тој повод.

Слични содржини