Тајчи: Бев жртва на силување и сметав дека тоа е моја вина

од Nikola Popovski

Пејачката Татјана Матејаш, попозната како Тајчи, своевремено изјавила дека била жртва на сексуално малтретирање.

„Бев жртва во тинејџерските години, тоа беше пред станам славна, ме силуваа и верував дека тоа е моја вина. Затоа никому не кажав. Мораме да создадеме средина во која жена или маж нема да поверуваат дека тие се виновни кога ќе им се случи такво нешто“, изјавила еднаш пејаката.

Како што истакна, за да може денес мирно да зборуваме за тоа, треба многу труд и работа на себе.

„Години на психотерапија, ми требаше долго време да го погодам чкрапалото за да го отворам и да ги залечам раните“, рече таа.

„Како мајка на три сина и креативен претприемач, секој ден се справувам со голем стрес. Во текот на мојот живот, се занимавав со некои навистина големи работи: ги изгубив сопругот и татко ми од рак, се борев со депресија и анксиозност со години, како тинејџер поминав низ трауматско искуство на сексуално злоставување и се борев повторно да се сакам и да ја вратам самодовербата“, рече Тајчи.

Слични содржини