Тајландски Дедо Мраз јава на слон и подарува заштитни маски (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
378 прегледи

Дедо Мраз во Тајланд ги остави ирвасите да се одморат и на слон тргна во специјална божиќна посета за да ја подигне свеста за заканата од коронавирусот.

Со бели долги бради, облечени во црвени наметки и капи, помошниците на Дедо Мраз на украсени слонови во централната провинција Ајутхаја делеа заштитни маски на ученици, мотоциклисти и минувачи.

На крајот на годината, слоновите ги посетуваат училиштата во оваа област веќе две децении, а учениците по тој повод добиваат слатки и играчки.

Оваа година слоновите наместо слатки, делеа маски за лице.

Слични содржини