Тајландскиот контроверзен крал Маха Вајиралонгкорн ужива во самоизолацијата. Но, не станува за обичен карантин, туку за луксузен хотел сместен на алпите.
Кралот го резервирал целиот хотел со 4 ѕвезди откако тој објект добил специјално одобрување од градскиот совет дека може да служи како карантин за време на пандемијата.
Наместо придржувањето до мерките, Маха во хотелот си прави забави со 20 жени. Странските медиуми пишуваат дека станува збор за слуги, но и љубовници. Не е познато дали неговите сопруги биле во хотелот за време на забавата.
Од градскиот совет рекле дека хотелот го затвориле поради вирусот, но гореспоменатото сместување е исклучок, до оглед дека луѓето во него се дел од една хомогена дружина.
Бројни активисти го нападнаа кралот на социјалните мрежи и пишуваа дека тој бил на деловен пат во Германија на почетокот на маер. Инаку, десет илјади граѓани ги жртвуваа своите животи со оглед на тоа дека може да добијат затворска казна до 15 години доколку ја навредат монархијата.
Кралот не е омилена личност меѓу своите луѓе. Титулата ја наследи пред четири години по смртта на својот татко Бхумибол кој владеел полни 70 години. Маха денес важи за најбогатиот монарх во светот.