Тајна какво известување пратил Кривичен до Судскиот совет

од desk2
90 прегледи

Ниту, Кривичниот суд, ниту, Судскиот совет не открива, какво извествување пристигнало од скопска единица. Претседателот Зоран Караџовски не кажа детали за што станува збор, иако новинарите инсистираа на одговори за тоа што денеска зад затворени врати расправале во Советот. И од судот одлучија да молчат. Претседателот на Кривичниот суд е недостапен за коментар.

„Значи не се обидувајте сите новинари како на квиз со нагаѓање да доловите за што се работело. Нема да кажам повеќе, не јавна е седницата, причините стојат за не јавна. Едногласно е одлучено и така е според одредбата затоа што може да се наруши интегритетот на некој судија“ – изјави Зоран Караџовски, Претседател на Судски совет

Караџовски соопшти дека веќе ги анализирале одлуките на Кривичниот и Апелацискиот суд, околу одредените и одбиени мерки за притвор во обвиненијата на специјалното обвинителство. Процедурални грешки немало, во делот кој тие имале надлежност да го оценат. Индивидуалната одговорност кај судиите за изречениот или одбен притвор била кај Советот за утврдување факти.

„Не утврдивме аномалии од контролата која ние ја направивме и споведовме во процедуралниот дел. Слушам и читам по медиумите дека од некој здруженија дали се или не се здруженија не знам дека се поднесени кривични пријави и преставки, тоа ќе се информирате во основното обвинителство и во Советот за факти“ – рече Караџовски

Караџовски меѓу другото информираше и за испразнетото шефовски столче во Кривичен. Пријавени биле осум судии од овој суд. Меѓу нив се и старите ривали, екс претседателот, контроверзниот Владимир Панчевски и судијата Иван Џолев. На минатиот конкурс тие беа против кандидати а во текот на изборната трка си поднесуваа кривични пријави. Караџовски не знаеше прецизно да одговори дали и овој конкурс за претседател на скопска единица ќе го закочат локалните избори. Минатиот беше одложен поради предвремените парламентарни избори. Претседателот на советот ќе барал мислење за ова од Антикорупциската комисија./Alsat M