Тајна венчавка во Лас Вегас: Се омажи Кортни Кардашијан

од Nikola Popovski

Ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан и тапанарот Тревис Баркер се венчаа денеска во 1:30 часот по средноевропско време во Лас Вегас.

Според странските медиуми, парот се венчал во строга тајност, само неколку часа по доделувањето на Греми наградите.

Според изворите, парот ангажирал личен фотограф на кој му било забрането да открива какви било информации за настанот.

Кортни и Тревис имале обезбедување за време на венчавката, кое било задолжено да држи се подалеку од очите на јавноста.

Да потсетиме, приказната за неможноста Кортни Кардашијан повторно да биде мајка, поради терапијата што ја користела за вештачко оплодување, го потресе светот претходните недели.

Меѓутоа, парот сега решил да оди чекор понатаму и се венчале, а за странските медиуми сепак не сакале да зборуваат на оваа тема.

Слични содржини