ТАЈНАТА Е ВО СИЛНИОТ УМ: Слеп Кинез го искачи Монт Еверест (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
279 прегледи

Жанг Хонг (46) успеа да го освои највисокиот врв на светот искачувајќи се од непалската страна и со тоа стана првиот слеп човек од Азија и трет во целиот свет со ваков хендикеп кој се искачи на Монт Еверест.

„Без разлика дали сте инвалид или не, дали сте го изгубиле видот или немате нозе или раце, не е важно. Сè додека имате силен ум, секогаш можете да завршите нешто што другите луѓе велат дека не можете“, рече тој за „Ројтерс“.

Кинезот го завршил искачувањето на врвот висок 8.849 метри на 24 мај заедно со тројца водичи, и се вратил во базниот камп на 27 мај.

Роден во кинескиот град Чонгкинг во југозападна Кина, Жанг го изгубил видот на 21 година поради глаукома.

Тој бил инспириран од Ерик Вајченмаер, слеп американски планинар кој се искачи на Еверест во 2001 година. Жанг започна да тренира под водство на неговиот пријател, планинскиот водич Кианг Зи.

Непал повторно го отвори Монт Еверест за странци во април, откако минатата година беше затворен поради пандемијата на ковид 19, што Жанг го искористил.

„Бев многу исплашен затоа што не можев да видам каде одам и не можев да го најдам тежиштето, па понекогаш можев да паднам“, рече Жанг.

„Постојано мислев дека и покрај тоа што е тешко, морав да се соочам со тие потешкотии. Тоа е една од компонентите на искачувањето – има потешкотии и опасности, но тоа е до одреден степен и смислата на искачувањето“, заклучи тој.

Слични содржини