ТАЈНАТА на совршениот изглед на Роналдо: Откриен режимот на неговата исхрана

од Stefanija Kuzmanovska
460 прегледи

Кристијано Роналдо (36) е вистинско спортско чудо. Toj влезе во 37-та година од животот, но има тело на 20-годишник. Иако просекот на другите фудбалери е 10 проценти масти во целото тело, кај Роналдо е 7. За да бидат работите подобри, половина од тежината на Роналдо е составена од мускули, додека просекот на неговите колеги е 46.

Еве зошто е тоа така.

За почеток, неговата исхрана е сведена на најквалитетна и внимателно избрана храна.

Со години го следи истото мени за храна. Тој има шест оброци, од кои дури двапати руча и вечера, еден појадува и има една закуска.

За појадок, тој претпочита шунка и посно сирење, а за ужинка сака да јаде тост од авокадо или овошје. Неколку часа подоцна, време е за првиот ручек, и тој се состои од пилешко и салата, додека за време на вториот ручек, тој претежно јаде риба со јајца, салата и маслинки.

Секако, Роналдо не се прејадува во ниту еден оброк. Ова се помали порции.

За првата вечера јаде месо со зеленчук, а за втората риба со салата.

Тој не пие газирани пијалоци и алкохол. Пие само вода.

Слични содржини