Актуелно
Почетна / Сцена / Тајната на трите прстени што ги носи Кејт Мидлтон: Колку вредат и зошто ги носи

Тајната на трите прстени што ги носи Кејт Мидлтон: Колку вредат и зошто ги носи

Војвотката од Кембриџ често носи три импресивни прстени на домалиот прст. Експерт за накит ја откри причината, намената и нивната вредност.

Кога Кејт и принцот Вилијам се верија, војвотката доби веренички прстен од сафир, кој некогаш ѝ припаѓаше на принцезата Дајана. Прстенот има централен сафир со дијаманти и вреди околу 365.000 долари, изјави експертот Џошуа Џејмс за „Експрес“.

Кога дојде денот на венчавката, Кејт доби велшки златен венчален прстен, следејќи ја кралската традиција.

Џејмс бјасни дека вредноста на велшкиот златен прстен зависи од тежината и чистотата на користеното злато. Според неговите проценки, прстенот на војвотката веројатно чини околу 2.400 долари.

Меѓутоа, војвотката од Кембриџ носи и трет прстен заедно со другите два, таканаречен прстен на вечноста. Се верува дека тоа е прстен што ѝ го подарил принцот Вилијам кога се роди нивното прво дете, принцот Џорџ.

loading...